СЛАТКА Е ОДМАЗДАТА: Вардар го сруши Кјелце во пеколот „Јане Сандански“

0
160

Вардар успеа да го победи Кјелце во Скопје вечерва и со тоа да им се одмазди за претходниот пораз кој им беше нанесен на гостувањето на „црвено-црните“.

Иако на полувреме Вардар отиде со +3, сепак на крајот се случи една мини драма, Вардар влезе во неизвесен финиш, го остави натпреварот отворен, па нијанси во финишот решаваа.

За среќа на Вардар, водени од домашните навивачи, по 60 минути игра, Вардар победи со 28:27.

Во самиот финиш од средбата, поточно во последната минута од средбата, клучен сегмент за победата беше одбраната на Гедбане, која му овозможи на Вардар со +2 да оди во последен напад, и иако не постигнаа гол, а примија во последните секунди, сепак тоа беше доволно за победа и превземање на втората позиција на табелата токму од Кјелце, додека прва останува Барселона.

Најефикасен беше Кристопанс со 5 голови за Вардар, Скубе имаше 4 додека Шишкарев постигна три гола, кај Кјелце најефикасен беше Душебаев со 5.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here