Уште во мај оваа година, Силвестер Сталоне ги изненади своите обожаватели со објавата за петтото продолжение на култниот серијал “Rambo”.
Филмот би требало да се појави следната година во кино салите, а Сталоне внимателно се припрема за оваа физички напорна улога.
Актерот на Инстаграм споделил фотографија од теретана, а според изгледот, никој не би ни претпоставил дека Силвестер е во осмата деценија од животот.
“Сите славни зборуваат за тоа колку напорно вежбаат, стануваат рано и се жртвуваат. Ве молам. Дами и господа, тоа е голема привилегија”, напишал Сталоне под фотографијата.
Неговите обожаватели се воодушевени од објавата и му оставаат бројни комплименти и пораки за поддршка во коментари. “Rambo V” доаѓа дури десет години по последното продолжение од овој серијал.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















