Скопјанец се шетал со мачета во полициски час, полицијата го привела

171

На 04.05.2021 во 23.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар од слобода го лишиле К.Т. (35) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена мачета, со што сторил прекршок од Законот за оружје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик, односно не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во билтенот.