Утре без струја делови од неколку скопски општини

171

Поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа без струја утре ќе бидат делови од општините Сопиште, Чаир, Студеничани, Бутел, Ѓорче Петров и Карпош.

Во периодот од 08:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од село Соње во општина Сопиште, во периодот од 08:45 до 14:00 часот корисниците од булевар „II Македонска Бригада“, ул. „Никола Малешевски“, булевар „Македонско Косовска Бригада“, улиците „Роналд Реган“, „Ѓорѓи Поп Христов, „Методија Митевски“ и ОУ „Васил Главинов“ во општина Чаир.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе имаат корисниците на дел од село Морани, општина Студеничани, од 09:00 до 11:10 часот корисниците од ул „8“ во Радишани и населба Буринарец, како и населба Хот Хот, дел од Љуботенски Пат во општина Бутел.

Без струја од 08:40 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Софре Марковски“, ОУ „Климент Охридски“, улица „Коста Ристовски“, улица „Петар Чангов“, улица „Марко Крале“, улица „Натанаил Кучевишки“, улицата „Андре Мазон“, Црква Бутел и околината, улицата „Зафер Мудиќ“, улицата „Призренска“, улицата „1099“ и улицата „Благоја Вујов“ во општина Ѓорче Бутел, во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Горни Жданец во општина Карпош, а во периодот од 08:35 до 14:00 часот корисниците од улиците „Никола Грчето“, „Петар Ичко“, „Методија Митевски“, „Аугуст Цезарес“, „Благоја Паровиќ“ во општина Чаир.

loading...