Еден од најдобрите фудбалери на денешницава, Лионел Меси, бил нападнат во некој ноќен клуб на Ибица.
На Аргентинецот го нападнал непознат маж, прво вербално, а набрзо потоа и физички. Обезбедувањето реагирало брзо и спречило да се случат поголеми проблеми.
Набрзо по инцидентот Меси го напуштил ноќниот клуб.
Меси веќе неколку денови се наоѓа на одмор на Ибица со својата сопруга, а малку подолг одмор заслужи по завршувањето на Копа Америка каде што во полуфиналето беше поразен од селекцијата на Бразил.