Сите зборуваа за изгледот на новинарката пред и после Талибанците – се огласи и таа кажувајќи ја вистината

728

Цел свет зборува за тоа како изгледа новинарката на Си Ен Ен, Клариса Ворд откако пристигнале Талибанците во престолнината на Авганистан. Го извадила накитот и се покрила, а познатата новинарка се огласи по тој повод и рекла дека таа секогаш носела марама на улиците во Кабул.

Ворд е една од ретките жени новинарки која останала да известува од улиците на Кабул кои во целост се окупирани од Талибанците, додека илјадници граѓани се обидуваат да побегнат.

Таа дури и во еден момент се фотографирала со Талибанец, а сега се огласила за известувањето од улиците на Кабул додека носела хиџаб.

“Ова меме кое се шири од корисник на корисник не е точно. На горната фотографија известувам од приватен имот. На долната фотографија сум на улиците на Кабул откако пристигнаа Талибанците. Секогаш носев марама на улиците во Кабул, макар што не и косата целосно покриена со хиџаб. Значи, постои разлика, но не толку голема”, напиша на Твитер.

На нејзиниот Твитер профил објавена е фотографија од интервјуто со Гул Ахмад Камин, член на парламентот во Кандахар, Авганистан каде се гледа дека е покриена со марама.