Сите работници од приватниот сектор треба да добијат К15 до крајот на месецот

73

Најмалку 10. 170, најмногу 14.920 денари треба да легнат на сметките на вработените во приватниот сектор за регрес за годишен одмор. К 15, согласно Законот се пресметува минумум 40% од просечната нето плата во последните 3 месеци или максимум 40% од исплатената  бруто платата .

Секој вработен, подолго од 6 месеци кај истиот работодавач, има право на регрес. Ако газдата не му исплати  или побара да му се вратат парите назад- – ќе биде казнет со 4,000 евра, но и со казна затвор до 1 година. Премиерот Заев неодама повика работниците да не се плашат, да си ги бараат своите права и да ги пријават работодавачите кои ќе го сторат тоа