Синовите на милијардерот го обвиниле својот татко: “Плати проститутка за да нè силува и да нè направи мажи”

936

Двајцата синови на модниот могул Питер Нигард го обвиниле дека најмил проститутка да ги силува, пишува “Daily Mail”.

Нигард, кој има вкупно 7 деца, е обвинет од страна на своите синови дека платил проститутка да ги силува, а наводно им рекол дека сака “таа да ги направи мажи”, изјавил еден од синовите кој во тоа време имал само 14 години.

Постариот син бил силуван на 15-годишна возраст, во домот на Питер на Бахамите во 2004 година. Другиот син тврди дека истата жена која ја платил неговиот татко, го силувала кога имал 14 години, во домот во Канада.

“Се надевам дека моето искуство ќе им помогне на другите да проговорат за тоа што им се случувало”, изјавил постариот син во интервју за “CBS News”.

Додал и дека чувствувал збунетост и срам и дека многу работи му се разјасниле кога неговиот татко, сопственик на модно царство, бил обвинет за трговија со луѓе.

“Daily Mail” наведува дека обвиненијата против Нигард ги изнеле вкупно 57 жени. Нив, наведуваат тие, ги намамил на својот имот на Бахамите, ветувајќи им пари и прилика за работа во модната индустрија, а таму биле силувани и сексуално злоставувани. Некои од неговите жртви биле малолетни, а две имале 14 години.

Нигард ги демантирал ваквите обвиненија, тврдејќи дека станува збор за завера која ја смислиле неговите богати и моќни непријатели за да му наштетат.

Постариот син на модниот могул тврди дека тој и неговиот брат одлучиле да излезат во јавноста со своите обвиненија за да им пружат поддршка на неговите други жртви.

“Мораме да зборуваме за тоа. Сакаме да ги поддржиме другите кои ги нарекуваат лажговци”, изјавил синот во интервјуто. Нигард ги демантирал и нивните обвиненија.