Интер загуби голема сума на пари, но Конте не се грижи и си побара засилувања

819

Иако медиумите тврдат дека испаѓањето од Лигата на шампионите ќе го намали буџетот на Интер, тренерот на „Нероазурите“ бара да му се доведат најмалку двајца играчи.

Интер останува без 12 милиони евра награда за пласманот во осминафиналето, кога на тоа ќе се додадат приходите од маркетингот, она што го пропуштаат само од еден натпревар во осминафиналето, се доаѓа до пресметка дека останале без 25 милиони евра.

Тоа е удар за финансиите на клубот. Јасно, ќе се намали и буџетот во преодниот рок, но Конте инсистира најмалку двајца играчи да пристигнат во клубот.

Челзи го „олади“ барајќи 28 милиони евра за Маркос Алонсо, тренерот на Интер сака нов лев страничен играч, со цел да ја покрие страната каде Асамоа има проблеми поради постојаните повреди.

Покрај тоа, Интер мора, поради големиот број повреди, пред се на Барела и Сенси, да го засили средниот ред. Видал е прескап, Барса не го пушта на позајмица, а што се однесува на Де Пол од Удинезе, се чини дека клубот за кој настапува нашиот Несторовски нема да сака да се откаже од клучниот играч во јануарскиот преоден рок.

Најверојатна опција би можел да биде Македонецот кој настапува за Шведска, Дејан Кулушевски, кој во моментов е дел од Парма на позајмица од Аталанта. За него се заинтересирани и голем број англиски клубови, а Интер се обидува да се договори со соседите за позајмица и задолжителен откуп на лето за 40 милиони.

Напаѓачката позиција останува енигма. Жиру е прескап, покрај тоа, за да ослободат место во ростерот потребно е да го продадат Политано кој не сака да го напушти клубот во јануари.

Поради тоа, најверојатно, како што стојат работите во моментов, клубот единствено може да доведе играч за врска, а тоа најверојатно ќе биде Кулушевски, или евентуално Видал ако ја засилат понудата, остатокот е прилично тешка мисија.