Што ќе каже Путин за ова? Израелците се закануваат – ќе го уништиме „С-300“ па дури и со него да управуваат Русите!

952

Израелскиот министер за екологија, Зев Елкин изјави дека израелската армија би можела да го уништи сирискиот против-воздушен систем „С-300“, дури и ако со ПВО системот управуваат Руси.

Елкин тврди дека на Сиријците не може да им се верува дека правилно ќе го користат ракетниот систем и нагласи дека можно е тие да извршат напад над израелските авиони дури и на воздушниот простор на Израел, пренесуваат израелските медиуми.

Тој предупреди дека лансерите ќе бидат на мета на израелските борбени авиони доколку Сиријците започнат да го користат ракетниот систем кој што неодамна им го испорачаа Русите, после инцидентот во кој што сириската против-воздушна одбрана по грешка, наместо израелски, сруши руски авион.

Елкин, кој што е дел од руско-израелската меѓувладина комисија за соработка, изјави во понеделникот за руските медиуми дека Москва многу погрешила со тоа што на Сиријците им го испорачале против-воздушниот систем.

Според израелскиот министер, таквиот вид на ракети претставуваат значајна закана за израелските возудшни сили и можат да придонесат во дестабилизиарње на ситуацијата на Блискиот исток.

„Се надевам дека на местата од каде што ќе се лансираат ракетите од против-воздушниот систем, нема да има руски специјалци“, изјави израелскиот министер Елкин и додаде дека во минатото Израел се обидувал на секој начин да се осигура да не бидат повредени руските војници во операциите кои што ги изведува во Сирија.

Инаку, израелското воено воздухопловство има изведено стотици напади на територијата на Сирија во изминатите неколку години, а речиси во сите напади, главна цел на израелските авиони беа вооружените групи кои што се поврзани со Иран или со либанската организација Хезболах.

Руските власти одлучија да го испорачаат против-ракетниот систем „С-300“ во Сирија во октомври, откако сириската ПВО одбрана по грешка лансираше ракета и сруши руски воен авион. Во тие моменти израелските авиони изведувале операција во Сирија, па сириската одбрана гаѓајќи ги авионите на Израелците, по грешка собори руски авион.