Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик.
Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. Микрочипирањето е основа за дефинирање на сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита на животните и поголема безбедност за сопствениците, од аспект на пренесување на заразните болести од животните на луѓето.
-Сопствениците кои ги имаат микрочипирано домашните миленици ги потсетуваме дека имаат законска обврска секоја промена во однос на податоците за животното, или сопственикот да ја пријават до надлежното ветеринарно друштво кое треба да изврши промена во електронската база на податоци. Во базата на податоци треба да се евидентира и угинувањето, губењето или купопродажбата на животните, велат од АХВ.
Микрочипирањето на милениците има за цел трајна идентификација на животните, спречување на нивно напуштање и контрола на нивното размножување, но и нивно полесно пронаоѓање во случај на губење или кражба.















![[ВИДЕО] Ова е човекот чиј изум би можел да спаси 2 милијарди луѓе ширум светот – од бегалски корени до глобално влијание](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/03/M9N0O-screenshot-1-218x150.png)







![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)

![[ВИДЕО] „Потпишав договор на 250.000 евра месечно, татко ми не ми зборуваше една недела“: Бака Прасе откри колку заработува](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/02/OxJnT-chatgpt-image-feb-24-2026-11-22-39-am-218x150.png)










