Штајнфелд за деталите од нападот: „Ме држеше за рака после сè, среќен, бараше да му пеам“

624

Во документарниот филм „Hold me right“ на Данијела Штајнфелд, претставен пред белградската публика оваа недела, биле откриени непознати детали за сексуалниот напад што го доживеала од тогаш неименуван колега – а актерката во него вклучила и видео кое било направено еден ден пред силувањето.

„Минатата вечер се случи нешто ужасно. Сè уште сум збунета и во шок. Требаше да сфатам дека тој го режира ова, во 2010-та година ми велеше дека ме сака. Му реков дека не го сакам. Исто така реков дека не сум заинтересирана, дека имам момче дека не сакам никаква врска со него, што и беше навистина случај“, започнала Данијела, а потоа раскажала ужасни моменти од самиот напад:

„Постојано му велев да престане, дека се плашам, дека не го сакам тоа, толку пати му реков ‘не’. Ме залепи за ѕид, почна да ме гали и да ме допира насекаде по телото, ја стави раката во моите панталони. Потоа постојано се обидуваше да го омаловажи она што се случуваше и се правеше како да е сè во ред. Кога се враќавме назад, неговата сопруга постојано го бараше, а тој само ме држеше за рака и велеше дека е среќен и благодарен, ми се смешкаше. Бараше да му пеам и му пеев. Во тој момент повеќе не бев човечко суштество. И понатаму се сеќавам на моментот кога излегов од неговиот автомобил и ги спуштив нозете на земја. Помислив колку е прекрасно да се биде жив и дека сè заврши“.

Открила и дека долго планирала да најде начин на кој ќе докаже дека ја силувал.

„Одлучив дека ќе најдам доказ за луѓето да ми веруваат. Дека ќе најдам начин да дојдам до докази. Сите пријатели ми велеа дека нема шанси да успеам во тоа и дека помина многу време за да докажам. Дека ќе се ставам себе во многу небезбедна и опасна ситуација и дека нема цел тоа да го направам, дека нема да добијам од тоа ништо. Но потоа одлучив да го снимам тоа“.

На крајот на филмот, Данијела во разговор со други жртви кои исто така доживеале силување, вели дека успеала да се чувствува слободно дури после долгата работа на себе, но и дека нашла сила во простувањето, пренесува „Блиц“.