Алек Болдвин: „Мојата сопруга е колекционер, собира бебиња!“

653

Познатиот американски актер Алек Болдвин (62) и неговата сопруга Хиларија (36) неодамна го добија синот Едуардо. Со тоа Хиларија на свет го донесе нивното четврто момче, иако како што вели Алек сите потајно се надевале дека ќе се роди девојче. Тоа е нивното петто заедничко дете кое е машко и кое следеше по трите сина и ќерката Кармен (7).

 Нема повеќе да се обидувам да добијам девојче. Завршив со тоа. Или ќе останеме на ова или мојата сопруга повторно ќе се омажи за некој тип што „произведува“ девојчиња, рече Алек во емисијата на Елен Деџенерис.

 

Актерот кој од првиот брак има и уште една ќерка, се пошегува дека неговата сопруга е колекционер на бебиња. Иако се пошегувал дека повеќе нема да тежнее кон тоа да имаат повторно девојче, никој со сигурност не може да го потврди тоа, кога станува збор за Хиларија и Алек Болдвин.

Им велам на луѓето, мојата сопруга е колекционер. Некој собира автомобили, некој часовници, а некој бебиња , додаде тој.