Причините за таквата одлука Италијанецот не сакаше да ги открие, но е убеден во тоа дека по две години Португалецот ќе ја напушти „Старата дама“. Тој пристигна во Јувентус од Реал Мадрид за 117 милиони евра пред две сезони, а потпиша договор до 2022 година.
Оваа сезона Роналдо одигра 32 натпревари во дресот на Јувентус во кој постигна 25 голови и забележа девет асистенции.
Ќе биде интересно ако тврдењата на италијанскиот новинар испаднат вистинити, особено затоа што никој нема информации каде би можел да ја продолжи кариерата.
Selon @PBPcalcio, plusieurs sources indiquent que la Juventus Turin et Cristiano Ronaldo pourraient se séparer cet été ! pic.twitter.com/U2j27E1ktI
— BeFoot (@_BeFoot) May 27, 2020