Додека Слобода Миќаловиќ на сцената на Народниот театар во Ужице глумела дека умира и додека актерите околу неа навистина изгледале загрижено, на сцената се качила лекарка од публиката за да ѝ укаже лекарка помош, пренесуваат српските медиуми.
Имено, на претставата на втората натпреварувачка вечер на „Југословенскиот театарски фестивал“, додека полната сала без здив ја следела претставата „Лоренџачо“ и гледала како во една од сцените актерката Слобода Миќаловиќ мавта со рацете како да не ѝ е добро, паѓа и се фаќа за актерот Бранислав Лечиќ, настанал вистински хаос. Во тој миг публиката се загрижила и некои од присутните станале на нозе и почнале да викаат: „Нејзе навистина не ѝ е добро! Помогнете ѝ!“, пренесува српски „Курир“.
Веднаш потоа на сцената се качила д-р Мира Гавриќ, началник на Одделот за неврологија во болницата во Ужице, која сакала да ѝ помогне на Слобода, додека, пак, д-р Богдан Дамјановиќ од задните редови истрчал до средина на салата.
Тогаш еден од глумците ја прегрнал докторката и ѝ покажал како го чита текстот од својот мобилен телефон. Дури тогаш загрижените доктори и присутните во публиката сфатиле дека сето тоа е дел од претствата.
Фото: Петар Ѓорѓевиќ
Извор: Hello.rs

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

