Како што јавуваат рано утрово англиските медиуми, фудбалерот на Челзи Дени Дринквотер, синоќа по победата над Вест Хем од 2-0 имал „трето полувреме“.
Англичанецот кој е и повремен репрезентативец, доцна синоќа заврши во притвор откако е осомничен дека пијан предизвикал сообраќајна несреќа.
Дринквотер по мечот заминал да се опушти, но притоа е чини претерал, па на пат кон дома со својот автомобил, инаку Ренџ Ровер удрил во друг автомобил.
Фудбалерот бил со засега неименувана девојка со која се запознал на забавата. За среќа и двајцата минале без посериозно повред.
Надлежните го потврдија овој инцидент, а од полицијата не откриваат повќе детали додека трае истрагата.