Животот во Тоскана сам по себе е еден вид идила – таму деновите се одвиваат во сосема поинакво темпо, повикувајќи нè да уживаме во секој момент кој доаѓа и проаѓа…
Меѓутоа, ако навистина сакате да ја запознаете Тоскана и сите нејзини привлечности, ви предлагаме да го сторите тоа во прекрасната вила, каде Вес Андерсон напишал „The Grand Budapest Hotel“.
Сокриена во мало село, Castiglioncello del Trinoro, со поглед на Вал д’Орика, вилата ќе ви понуди многу приватност, избегнувајќи да ја задоволите жедта за љубопитност на околните соседи.

Мајкл Киофи, основач на империјата, сега познат како Монтеверди Тоскана, се вљубил во Италија многу пред првпат да стапне во средновековното село Castiglioncello del Trinoro. Тој го опишува своето враќање како „враќање кај стариот љубовник“.
„Го најдов ова место на тишина, идеално за размислување, зборување, уметност и наука“.

Инспириран од убавината што ја запознал, тој решил да реновира малото селце, користејќи ја привлечноста на природната околина и богатата култура и историја како свој наратив.
Со помош на дизајнерката Илариа Миани, позната по враќањето на некои од најубавите напуштени скапоценост на архитектурата, го конструирал Монтеверди, користејќи траги од оригиналните градби.

За да ја задржи својата автентичност, што е главната атракција на овој локалитет, Миани избегнала да го користи фолклористичкиот пристап кон реставрацијата и туристичките клишеа во Италија, користејќи историски градежни техники за да го оживее ова село и да ја зачува неговата стара слава.

Денес, овој имот се состои од 18 соби, секоја со свој оригинален распоред на просторот, спа центар од светски ранг, бесконечен базен, кулинарска академија Монтеверди, уметничка галерија и многу повеќе. Монтеверди, исто така, нуди програма за престој на уметници и научници, внесувајќи посебна душва во овој дел од светот.

„Тоа е како да чекориме назад во времето“, објаснува Киофи, обидувајќи се да ја долови убавината на малото село. И навистина, кога ќе ја погледнете галеријата, ќе сфатите дека тој е целосно во право.


