Прегледајте ја својата кожа: Недостатокот на витамин Б12 се манифестира преку 5 симптоми – еве кои се тие

205

Витаминот Б12 е есенцијален нутриент кој му е потребен на телото за низа процеси, како што се синтеза на ДНК, производство на енергија и правилно функционирање на централниот нервен систем.

Способноста за апсорпција на витаминот од храната опаѓа со текот на годините, па така недостигот од истиот е почеста појава кај постарите луѓе.

Еве кои 5 симптоми укажуваат на недостиг од овој витамин во организмот:

Умор

Луѓето кои имаат недостиг на витамин Б12 генерално се чувствуваат уморно. На клетките во вашиот организам им е потребен овој витамин за да функционираат правилно.

Несоодветното ниво може да го намали нормалното производство на црвени крвни зрнца, што може да го наруши преносот на кислород. Кога вашето тело нема доволно здрави црвени крвни зрнца да го пренесуваат кислородот до ткивата, веројатно ќе се чувствувате слабо и уморно.

Бледа или жолта кожа

Друг знак кој може да укажува на недостиг на витаминот Б12 е бледата или жолта кожа и пожолтување на очните белки. Ваквата состојка е предизвикана од високото ниво на билирубин во телото, отпаден производ кој настанува кога вашето тело ги разградува црвените крвни зрнца.

Главоболка

Недостигот на витамин Б12 може да доведе до невролошки несакани ефекти, вклучувајќи и главоболка. Главоболките се помеѓу најчесто пријавуваните симптоми во врска со недостигот на овој витамин како кај возрасните, така и кај децата, пишува „Healthline“.

Симптоми на депресија

Витаминот Б12 е неопходен за правилно функционирање на вашиот централен нервен систем, а недостигот на оваа хранлива материја може да влијае на менталното здравје. Ниското ниво на овој витамин може да предизвика зголемено ниво на аминокиселина која содржи сулфур и која се нарекува хомоцистеин. За „возврат“ ова може да придонесе за развој на депресија и зголемување на оксидативниот стрес.

Потешкотии со концентрацијата

Недостигот на Б12 негативно влијае на централниот нервен систем, а луѓето со ниско или дефицитарно ниво на овој витамин може да имаат потешкотии да се концентрираат и да ги извршуваат дневните задачи. Постарите лица се особено изложени на ризикот од овие несакани ефекти бидејќи ризикот од недостиг на овој витамин се зголемува со текот на годините.