Славната Селин објавила фотографија од хотелска соба, на која воопшто не наликува на поп-дивата која сите ја познаваме.
Селин моментално е на турнејата “Celine Dion Live 2018”, во чии рамки на 25. јуни имала спектакуларен концерт во Токио.
Една од најголемите поп диви, по доаѓањето во Токио, од хотелската соба објавила фотографија пред огледало, а за кратко време истата ги преплавила светските медиуми и социјалните мрежи.
Фановите на Дион се загрижиле за пејачката, прашувајќи се што и се случило, а надевајќи се дека се работи за лош агол или Фотошоп.
Потсетуваме, животот на Селин Дион животот тотално се променил по смртта на сопругот Рене, кој починал на 14. јануари 2016. година, два дена пред својот 74-ти роденден. Селин после тоа сакала да се откаже од кариерата и концертите, а во февруари 2018. година за медиумите рекла дека направила реплика од раката на Рене, за да може полесно да се носи со тоа што го нема.
“Ја протресувам и чукам со неа од дрво пред концертите”, открила пејачката.
“Откако умре, и натаму разговарам со него. Се обидувам да му докажам, секој ден, дека сум добро”, изјавила Селин.
Како што рекла, зад сцената и натаму остава столче, на кое Рене седел секој нејзин концерт. Истакнала дека нивните тројца синови, Рене Чарлс, и близнаците Нелсон и Еди растат како што треба.