Холивудската актерка Хале Бери не престанува да воодушевува со својот изглед. На една од последните фотографии, 54-годишната актерка позира во маицата на своето момче, музичарот Ван Хант. Под маицата може да се видат црни гаќички, а насмеаната актерка држи чаша пијалак.
Фановите не штедеа на комплиментите.
„Изгледаш навистина среќно“, „Сакам да гледам дека си среќна, тоа ме прави и мене среќен“, „Обожавам да ве гледам двајцата заедно“, „Ти си прекрасна кога си за вљубена“, напишаа обожавателите.
„Зарем не е неверојатна вистинската љубов?“, ја прашала една обожавателка, а Хали брзо одговорила.
„Да, така е“, напишала актерката.
Инаку, Хали пред два месеца објави фотографија во истата маица и на тој начин им откри на фановите дека нејзиното ново момче е Ван Хант.
„Сега знаете“, напиша таа под фотографијата, потврдувајќи ги гласините дека е повторно вљубена.


















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















