Се знае и групата за ЕВРО 2021: Ја избегнавме најтешката, ќе се соочиме со овие репрезентации ако се пласираме

961

Поразот на селекцијата на Романија на гостувањето против Исланд отстрани и уште една дилема – околу групата на ЕВРО 2021 во која ќе се најде победникот од групите Д од Лигата на Нации.

Македонија во случај на триумф на големото финале против Грузија ќе биде сместена во групата Ц од европскиот шампионат, каде нашите фудбалери за ривали би ги имале селекциите на Австрија, Украина и на Холандија.

Од трите натпревари во оваа група, Македонија два меча би играла во Букурешт, а еден во Амстердам.