Наместо да изнесе предлози за нови мерки за заштита на населението од коронавирусот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, зборува само за избори, рече на денешната прес конференција претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Македонија дневно има повеќе заболени отколку цел Балкан заедно, а што прави власта, не слушнавме ниту еден нов протокол, не слушнавме ниту една нова мерка, туку единственото нешто што го слушаме се избори, па избори“, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека не се плаши од излегување на избори, туку единствено од што се стравува е да не се загуби ниту еден човечки живот.
„Откако ќе го заштитиме здравјето на граѓаните, откако ќе ја поразиме оваа пандемија предизвикана од вирусот Ковид 1-, тој (Заев) е готов и ќе доживее изборен дебакл“, рече Мицкоски.