Прекрасната Русинка веќе 10 години ја поврзуваат со моќниот руски политичар, од кои 6 тој беше во брак со неговата претходна сопруга Људмила.
Кога станува збор за Владимир Путин, знаеме само толку колку што тој сака да знаеме. Рускиот политичар веќе 12 години е на водечка позиција и има неверојатно силна контрола врз медиумите во Русија.
Во една пригода тој дури изјави: „Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање и тоа треба да биде почитувано.“
Сепак, веќе 10 години кружат гласини за неговата тајна љубов Алина Кабаева.
Која е Алина Кабаева?
Таа стекна слава како успешна ритмична танчарка. Има освоено две олимписки златни медали, 14 медали од светски натпревари и 25 медали од европски натпревари. Tокму нејзината кариера на гимнастичарка ја довела до средба со Путин.
По нејзината успешна спортска кариера, Кабаева работеше 6 години како пратеник од партијата на Путин.
Потоа во 2014 година беше назначена на чело на голема медиумска агенција за промовирање на Кремљ, без претходно искуство во оваа област.
Можеби е во брак со Путин
Во многу пригоди таа е видена со прстен што наликува на свршенички, а со оглед на тоа што наводно се состануваат 10 години има смисла.
Путин се разведе од неговата сопруга Људмила во 2014 година.
Наводно имаат две деца
Медиумите ја ловат во друштво на две деца, а најверојатно нивен татко е Путин. Кабаева ги криела бременостите и тајно се породила.
Прочитајте и како изгледа семејниот живот на Путин – најстарата ќерка му е „проблематична“, има тајно дете: 15 факти за семејството на Путин!
Како изгледа Алина Кабаева: