Група војници вооружени со автоматски пушки ја прескокнале оградата и упаднале во фабриката.
Вработените во фабриката за производство на сончогледово масло во едно бугарско село кај Пловдив се нашле на метата на војниците на НАТО, кои по грешка, за време на воени вежби, упаднале во нивното работно место, пишува “l’AntiDiplomatico”
Станува збор за маневрите “Swift response 21” во кои учествувале, американски, италијански и бугарски војници. Според сценариото, десантот на војниците требало да биде на напуштен аеродром. Меѓутоа, веднаш покрај аеродромот се наоѓа фабрика.
Групата војници вооружени со автоматски пушки ја прескокнале оградата и упаднале во фабриката. Двајца вработени во фабриката изјавиле дека војниците им наредиле да седнат, а потоа се поделиле во групи и ги посетиле сите простории во фабриката, пренесува “Sputnik“.
“Беше страшно. Многу се исплашив и не знаев како да реагирам. Се тресев од страв”, рекол еден вработен.
Инцидентот се случил на 11-ти мај.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



