Се продава познатиот автомобил на Мистер Бин: Еве колку пари ќе мора да издвои идниот сопственик

1647

Автомобилот “British Leyland Mini” со боја на лимета кој актерот Роуан Аткинсон го возел во познатата серија “Mister Bin” се продава на аукцијата “Икони и легенди на Холивуд” за 60 илјади долари.

Во првата епизода, автомобилот на Бин имал портокалова боја, но истиот бил уништен на крајот од епизодата. Оттогаш, Бин возел зелен автомобил со црна хауба.

На автомобилот од 1977 година ништо не е променето од снимањето, а во описот за автомобилот стои дека доаѓа со оригиналниот мотор.

Освен овој автомобил, на аукцијата ќе се најде и автобусот кој Сандра Булок го возеше во филмот “Speed”, а за него е потребно да се издвојат 20 илјади долари.

Исто така, на аукцијата ќе биде понудена и моторната пила од хорор филмот “The Texas Chainsaw Massacre” за 1700 долари.