Поранешната ТВ водителка и родена сестра на пејачот на групата „Нон стоп“, Бени Шаќири – Нора Шаќири стана мајка.
Таа и нејзиниот сопруг Марко денес за прв пат станаа родители. Нора и преку социјалните мрежи му посака добредојде на синот Ијан.

Среќниот татко, пак, објави дека е исто толку возбуден и горд.


Нора и Марко, како што е познато добија машко дете, а синчето доби помалку чудно и необично име за балкански услови – Ијан.

Се работи за типично англиско име, а блиските пријатели и познаници тврдат дека со оглед што и таткото (Марко) и вујкото (Бени) на новородениот Ијан се „рокери по професија“, тој го добил името по некој од светските рок музичари, како што се пејачот на легендарните „Deep Purple“ – Ијан Гилан, или нивниот тапанар, Ијан Пајс или можеби по Ијан Кертис, вокалистот на култните „Joy Division“, или…?!!












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















