Ги заменил фарбите за коса во продавница и ги разбесни жените: „Најдете ми го, ќе му ги скршам коските“

595

На социјалните мрежи, младите се обидуваат да привлечат внимание на сите можни начини. Така, едно момче од Србија ги заменило содржините на пакувањата на фарби за коса во една продавница и со тоа ги разбесни жените.

На Твитер се појави снимка од ТикТок на која се гледа како момчето стои среде продавница и ги менува содржините на фарбите за коса, а тоа разбеснело многу жени кои го погледнале видеото.

Под снимката во коментари пишува и дека биле известени вработените во продавницата во која се случило ова за да стигнат да реагираат пред некој од купувачите да добие непосакувана нијанса на главата.

„Најдете ми го, ќе му ја скршам секоја коска на ситни делови“, „Манијак“, се дел од коментарите под снимката.

Една жена напишала во коментари дека еднаш ѝ се случила ваква ситуација со погрешна боја за коса, а сега веројатно и претпоставува како дошла до истата.