Веќе кон почетокот на следната година би можеле да бидеме сведоци на еден голем трансфер во европскиот фудбал.
Според пишувањата на „Кориере дело Спорт“, агентот на Погба, Мино Раиола, му порачал на Јувентус да „тргне во акција“, па сега е се поизвесно враќањето на Французинот во редовите на поранешниот клуб.
Погба не е среќен во Манчестер и тоа е евидентно, има лош однос со Жозе Мурињо, а на гостувањето во Торино на еден навивач на Јувентус тивко му дофрлил дека сака да се врати, што ги налути навивачите на јунајтед.
„Повторно во Јувентус? Никогаш не се знае… Сега сум во Јунајтед“, изјави Французинот по тој меч.
Тој за Јувентус настапуваше со голем успех од 2012 до 2016 година, а на крајот во трансфер вреден 105 милиони евра се врати во Јунајтед, а се чини дека тој е подготвен за уште едно враќање, овојпат во Јувентус.