Исповед на позната стриптизерка: “Ми плаќаа големи суми на пари за да ги задоволувам, а влегов и во собата за оргии”

552

“Кога ќе им ја погледнеш гладта во очите за тоа да видат уште малку повеќе отколку што им покажуваш, тогаш знаеш дека имаш целосна контрола”. Стриптизерка во ноќен клуб признала дека после работните ноќи, уморена од танцување во прегратките на возбудените гости, знаела да си дојде дома сосема испотена и со згужвани банкноти од 20 и 50 фунти кои ѝ паѓале од облеката.

Но, првата ноќ во “Strings”” за Саманта Бејли заврши со солзи. Својата кариера во така наречениот клуб за џентлмени започна на само 17 години, веднаш по завршување на средното училиште.

Различни видови на клиенти

Пишувајќи во книгата за својата претходна работа како еротична танчерка, Сем се присети на својот почеток, како сите тие богати господини ја игнорирале и тоа било тежок удар за егото. Но, набрзо научила како е да се има контрола над нив и да заработи пари за кои многумина можат само да сонуваат.

За четири години заработила милиони фунти

Со еден маж таа освоила буквално џекпот. Тој ѝ платил неа и уште на други пет стриптизерки за да му се придружат на познатата трка на коњи. На секоја ѝ дал по 500 фунти за да се кладат на коњи за време на кралскиот настан. “Сакаше со нас да подели барем мал дел од своето богатство и уживаше со сè што можеше да направи. Гледајќи назад, тоа беше еден од најубавите периоди во мојот живот”, вели Саманта.

Беше во ред да се соблекуваат гаќичките

“Кога ќе ја погледнеш гладта во очите за тоа да погледнат уште малку повеќе отколку што им покажуваш, тогаш знаеш дека ја имаш целосната контрола. Кога се чувствувате толку посакувано, се чувствувате секси. А кога Ве опсипуваат со банкноти од 20 и 50 фунти, знаете дека никој не може да биде како Вас”, рече таа.

Парите ја возбудуваа

“Парите ме возбудуваа. Знаејќи дека можам да ги контролирам чувствата на мажите и нивните пари, да изгледам толку добро па да им застане здивот, дека тоа што го работам вреди илијадници фунти, се чувствував посакувана, моќна и верувајте ми неодоливо секси”, раскажува Саманта.

Имаше и соба за оргии

Руски милијардер ѝ понудил 5.000 фунти за да танцува само за него додека во неговата вила тој и неговите гости имале оргии во “собата за секс”. “Кога ќе го стиснеш копчето целиот ѕид на крајот од фоајето се подигнува, а зад него имаше раскошни простории за оргии”, опишува стриптизерката, која после 10 години кариера прекинала со работа во 2012 година.