Се огласи Роналдо после мечот во Белград: Не можел да молчи, ја спомена и капитенската лента која ја фрли

553

Најголемата португалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, целосно ја загуби контролата откако судиите не му признаа чист гол во судиското надополнување на гостувањето во Белград против Србија.

По ова, Роналдо збесна, дури го напушти и теренот пред последниот судиски свиреж, ја фрли капитенската лента на земја.

Кристијано Роналдо не чекал многу после завршетокот на натпреварот за да се огласи на социјалните мрежи.

Свесен дека предизвикал хаос при крајот на натпреварот и дека со фрлање на капитенската лента после поништениот гол направил лош гест, Роналдо им испратил порака на своите сограѓани:

„Да се биде капитен на португалскиот тим е една од најголемите гордости и привилегии во мојот живот. Го давам и секогаш ќе го давам максимумот за мојата земја. Тоа никогаш нема да се промени. Но, има тешки времиња за решавање, особено кога чувствуваме дека е нанесена штета на целата нација. Мораме да ја подигнеме главата и да се соочиме со следниот предизвик! Напред, Португалија“, напиша фудбалерот.

Натпреварот заврши 2-2.