Синоќа околу 20 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на булевар „Србија“, товарно моторно возило „Пежо Партнер“ со велешки регистерски ознаки управувано од П.Т. (40) од Велес удрилo во пешаците В.Т. (61) и тригодишно девојче од Скопје, информира МВР во дневниот билтен.
Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во 22,45 часот В.Т. им подлегнала на повредите.
Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























