Синоќа се одржа кралската крштевка на најмалиот член на кралското семејство, принцот Луи. Кејт го држела принцот во прегратка и блескала од среќа додека надбискупот од Кантербери ги поздравуваше.
Покрај неа беше присутен и нејзиниот сопруг принцот Вилијам, кој за рака ги држеше најстарото дете, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Чекор зад нив биле и принцот Хари и војвотката Меган Маркл, која изгледаше елегантно во маслинесто зелен фустан на Ралф Лорен. На крштевката присуствувале и принцот Чарлс и војвоката од Корнвол, Мајкл и Керол Мидлтон, Џејмс и Пипа Метјуз и Џејмс Мидлтон.

За овој настан, принцот Луи беше облечен во бежов фустан кој исто така го носеле неговиот брат и сестра, а кој претставува копија на фустанот кој го носела најстарата ќерка на кралицата Викторија во 1841 година.

За разлика од кралската венчавка, кралската крштевка е помала и поинтимна церемонија, на која обично се присутни само членовите на семејството и кумовите.

Самата церемонија траеше околу 40 минути, а како што пренесуваат британските медиуми, малиот принц има 6 кумови.



















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















