Лила е како виното, со секоја година плус е поатрактивна и поубава!

4270

Лила Филиповска дефинитивно е една од најубавите водителки на домашната јавна сцена. Освен со сексапил, водителката може да се пофали и со харизма на која што можат голем број на други познати дами само да и завидуваат. Старее како виното, и со секоја година плус е поатрактивна, а доказ се тоа се многуте фотки и видеа кои ги објавува на социјалните мрежи каде изгледа како милион долари.

“Кај жените најтежок е патот до правење на стомачни. Главните чекори кон правење на добри стомачни мускули се исхраната, вежбите за тој регион и трчањето. Морам да кажам дека и покрај сиот напор не сум потполно задоволна од нив, а причината лежи во исхраната. Едноставно, не сакам да се откажам од некои слатки задоволства”, појасни Лила во едно интервју.

Очигледно фановите не се согласуваат со оваа констатација со оглед на фактот што секојдневно добива комплименти на база на изгледот на стомачните, но и сите атрибути со кои располага.

Едно е јасно, Лила е риба ипол! Ви треба уште една потврда? Погледнете ја фотографијата подолу и нема потреба од  дополнителни дискусии!