‘Паднала’ на прашање по географија, два чекори пред милионот: Го знаете ли вие одговорот?

236

Натпреварувачка од британската верзија на квизот „Кој сака да биде милионер?“ изгубила 250.000 фунти поради прашање по географија на кое не го знаела одговорот, пренесува „Дејли мејл“.

Го искористила џокерот ‘повик’ за да побара помош од својата пријателка, но тоа ја довело до погрешен одговор.

Прашањето гласело: „Што ги поврзува Мексиканскиот Залив и Карибите?“, а како одговори биле понудени теснецот Виндвард, Јукатанскиот канал, теснецот Сан Бернардино и заливот Кампече.

Несигурна во одговорот, натпреварувачката ја повикала пријателката Барбара, која ѝ рекла дека точен одговор е теснецот Виндвард, но точниот одговор е всушност Јукатанскиот канал.

Поради погрешниот одговор, наместо 250.000 фунти, освоила ‘само’ 32.000 фунти.