Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здраство

239

Четврт степен декубит и повеќе од 30 бактерии добил Леонид за време на лекувањето во македонското јавно здравство. Само Господ ми рече изнеси го син ти од таа болница, сведочи таткото.

Според докторите кои го продолжиле неговиот третман, семејството направило правилна одлука, затоа што последиците можеле да бидат катастрофални.

-Јас ги молев за физикална терапија и пластичен хирург да донесам. Не, ме убедуваа, ние имаме и пластичар и тој се третира како што треба по сите стандарди. И нормално, вие како родител, не сте доктор сметате дека сте го оставиле детето во прави раце. Кога го префрлив јас во приватна болница и кога ми ги кажаа сите работи што тој ги има во себе, повеќе  од 30 бактерии и декубит од 4-ти степен. Фотографија ми покажаа. Јас сликата ја имам, објаснува Бранко Индов.

Откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, семејството стапило во контакт со болницата во Австрија. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.

-Визата е одбрена од австриската амбасада и да ви кажам искрено луѓето ја дадоа без пари. Искрено јас зборував и со нивното социјално аташе, имаат едно писмо доставено до ФЗО нека си го отворат писмото нека си го прочитаат, зошто јас детето го однесов од јавна во приватна установа,вели таткото.

Од Фондот се правдаат дека барањето е одбиено затоа што не станувало збор за лекувањето во странство, туку за рехабилитација која не можела да биде покриена од ФЗО.

Ниту граѓаните а ниту семејството не отстапува од барањето, Фондот итно да ја пресипита и промени одлуката за Леонид да се лекува во Виена.