Санторини е спремен за туристи, поставени првите лежалки со заштита

553

Работата на хотелите би требало да биде третата фаза во намалување на безбедносните мерки во Грција, а сопствениците на хотелите се припремаат за дочек на туристи, преземајќи ги сите потребни мерки против коронавирусот.

Посебни заштитници од плексигласпешкири за еднократна употреба и средства за дезинфекција се само некои од мерките кои ги презеле сопствениците на големите луксузни хотели.

До идејата за лежалки со заштита прв дошол хотелиерот и сопственик на луксузниот хотел “Suites of Gods” на Санторини,b. Тој на плажата Периса поставил лежалки со заштита од плексиглас, што се смета за идеална заштита особено за семејствата со деца.

Со оваа конструкција, гостите од хотелот не мора да се грижат поради можниот пренос на коронавирус.

“Персоналот на хотелите ќе биде опремен со маски и ракавици. Забележавме слични инсталации во светот, па дојдовме до идеја тоа да го направиме и на Санторини за нашите клиенти да се чувствуваат побезбедно”, рекол Чахин.

Растојанието помеѓу лежалките ќе изнесува 4 метри, а плексигласот ќе биде поставен и од левата и од десната страна.