„Долго време бев љубовница на оженет човек. Ги знам сите нивни навики, а доколку и вашиот сопруг го прави ова тогаш има друга“

25

Поранешната љубовница на Клер Оке-Смит (29) тврди дека доказот за неверство треба да го барате на места на кои никогаш не сте помислиле дека се наоѓа.

Денес ѝ е жал што се солгасила да биде втора жена на оженет маж со две деца затоа што тоа ја повредило жената која за ништо не се сомневала.

Таа проговорела за сите чудни навики кои нејзиниот оженет љубовник тогаш ги практикувал за да ја сокрие својата афера со неа.

Останува доло време буден

Доколку вашиот партнер оди да спие во доцните часови, запрашајте се што прави додека вие сте во спалната соба. Многу е полесно да пишувате и да се допишувате додека сите во куќата спијат и помал е ризикот дека некој ќе ве фати на дело.

Троши повеќе отколку претходно

Доколку вашиот партнер отворил нова кредитна картичка без ваше знаење тоа веќе е црвен аларм. Ги контролира сметките кои стигнувааат и мистериозно исчезнуваат. Уште еден важен знак се високите цифри кои се појавиле на неговата банкарска сметка. Доколку тие пари не ги троши на вас тогаш запрашајте се каде ги троши.

Промена на стилот

Доколку вашиот партнер во последно време почнал да слуша друга музика и песни од изведувачи за кои претходно никогаш не слушнал тогаш тоа е знак за тревога. Тоа влијание би можело да доаѓа од некој чие мислење тој го цени и тој очајнички сака да го импресионира.

Го крие телефонот

Причина за загриженост може да биде и промената на лозинката на телефонот или лаптопот, таинствено допишување и криење на телефонот од вас.

Саркастичен е

Кога личноста лаже има многу малку време за измислени приказни. Затоа некои често се служат со сарказам додека се правдаат. Кратките и саркастични одговори се јасен знак дека личноста нешто крие.

Нови манири

Дека вашиот партнер ве изневерува можат да откријат и неговите нови фрази и манири. Доколку поминува многу време со помлада жена тогаш јасно е дека ќе “впие“ некои нови експресии кои никогаш дотогаш не сте ги слушале.

Сексуалниот живот речиси не постои

Поголемиот дел од мажите, колку и да имаат либидо тешко е дека ќе спијат со две жени паралелно. Потребно е да се вложи многу енергија па доколку имаат љубовница со вас ќе искрата ќе згасне.

Емоционална оддалеченост

Доколку го избегнува вашиот поглед додека разговарате, вашиот партнер сигурно создава одредена дистанца и не сака да ве вклучи во неговите планови или пак чувстува некаква вина.