САМСОНЕНКО НА ТРЕНИНГ НА ФК ВАРДАР: МОМЦИ, ЌЕ БИДЕ ТЕШКО, НО ЈАС ВЕРУВАМ ВО ВАС!!!

1305

Вчера на тренингот на ФК Вардар се појави Сергеј Самсоненко, газдата на клубот. Тој одржа состанок на кој присуствуваа само играчите, и како што дознаваме им го кажал следното.

„Момци, ќе биде тешко, немаме трансфери, но јас верувам во вас и верувајте дека заедно ќе одиме напред“ секако дека овие негови зборови играчите ги прифатиле со задоволство. Во овие моменти таква поддршка од првиот човек на клубот и тоа како им била добредојдена. Инаку дел од долгувањето кон играчите им е исплатено, а останатиот дел ќе им биде исплатен набрзо.