Сакала убави веѓи, а добила “четири“: Момчето ме остави

787

Јами отишла кај некоја жена која тврдела дека има диплома за микроблејдинг. После завршувањето на третманот останала во шок кога видела дека има четири веѓи.

За да имаат пополни и поубави веѓи повеќето жени се одлучуваат за микроблејдинг, 3Д техника за исцртување на веѓите каде што мајсторот за тетоважи ги тетовира веѓите на жените со полутрајно мастило.

Постапката не е без ризик и доколку одите кај некој кој не знае што прави, можете да завршите како Јами Ледбетер (42) од Мисури – Америка, која после микроблејдинг третманот имала дури четири веѓи.

– Бев во кома. Тогаш имав момче, кој кога ме виде како изгледам повеќе никогаш не ми се јави – рече Јами.

За среќа, Ледбетер го нашла мајсторот за тетоважи Кара Гутиерез која била специјалист за вадење тетоважи па така успеала да го отстрани испакнатиот дел од нацртаните веѓи. Вадењето траело неколку месеци (затоа што потребно е да се направат неколку третмани) и ја чинело повеќе од 900 долари. Ако се земе во обзир цената на микроблејдинг третманот кој може да чини исто толку, тогаш таа платила нешто помалку од 1.900 долари за да изгледа исто како што изгледала и пред да го направи третманот.

– Никогаш не би направила микроблејдинг доколку би знаела дека сето ова може да се случи – изјавила Јами.

Микроблејдингот е сличен на тетовирање, но сепак пигментот не влегува толку длабоко под кожата. За разлика од јапонските методи за исцртување на веѓите, кај микроблејдингот, влакненцата се многу потенко исцртани, а стручњакот кој го прави тоа користи алат кој содржи микро-игли за нанесување на бои на кожата за да се создаде пореалистичен изглед на веѓите.

Некогаш е потребно да се оди на микроблејдинг и повеќе пати за да се постигне посакуваниот изглед. Заздравувањето на раната може да трае со месеци, а може да се предизвика и црвенило на кожата, луштење на кожата, инфекција која може да предизвика болка, отоци или течење на гној.

– Техниката на микроблејдингот уште не е регуларна, мастилото не е тестирано, а сум видела и многу компликации, како што се инфекции, алергии, трајни лузни и лош естетски резултат – објаснува докторката Џенифер за Womans Health.

За да спречите катастрофа ќе мора да одите кај стручњак за микроблејдинг по препорака на вашиот дерматолог или пак однапред информирајте се за целиот процес кај некој познаник или пак по пат на интернет.