Нагорно-Карабах со својата стратешка позиција каде што поминуваат меѓународни нафтоводи и гасоводи во граничниот појас помеѓу двете држави на Кафказот зазема 11 и пол илјади квадратни километри, а тука живеат околу 150 илјади жители.
Корените на конфликтот околу оваа област датираат уште од 1923-та година кога советските комунистички власти регионот му го подариле на Азербејџан, иако тогаш околу 96% од населението го сочинувале етнички Ерменци.
Тоа не било проблем во заедничката држава, но откако се распаднал Советскиот сојуз, тогаш настанале проблемите. Ерменското население на Нагорно-Карабах сакало да влезе во границите на Ерменија, а тоа било потврдено на референдум. Меѓутоа, со тоа не се согласиле азербејџанските власти кои настојувале да ја укинат автономијата и целосно да завладеат со ова подрачје.

Набрзо потоа избила војна која траела од 1998-ма до 1994-та година. Ерменија има околу три милиони жители. Азербејџан е економски помоќна земја благодарение на резервите на нафта и гас, има три пати повеќе жители од Ерменија и добива голема поддршка од етнички и историски блиската Турција.
Според последните информации, во овој регион за жал се водат жестоки борби помеѓу ерменската и азербејџанската армија.
Засега двете страни наведуваат контрадикторни бројки кога станува збор за загубите – Ерменците тврдат дека се убиени над 200 азербејџански војници, а на нивна страна загинале 17 војници. Од друга страна, азербејџанската армија тврди дека ликвидирала над 700 непријателски војници. Прогласена е воена состојба во двете земји, а во Ерменија и регионот Нагорно-Карабах луѓето се врши мобилизација.
Властите на непризнаената република Нагорно-Карабах тврдат дека азербејџанските сили убиле и голем број на цивили, а нападите ги изведуваат со турски „Ф-16“ авиони кои учествувале во воени вежби во Азербејџан.
Вашингтон, Брисел и Москва бараат итен прекин на огнот и од двете страни се бара повторно да седнат на преговарачката маса со мировно посредување на Европската унија и Русија.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



