Русинка се претворила во жива Барбика: Потрошила 140 илјади евра на омилената кукла, а тврди дека направила само една пластична операција

379

32-годишната Татјана Тузова од Русија која ја нарекуваат “жива Барбика” потрошила речиси 140 илјади евра на својата омилена кукла.

Како што вели таа, во својата колекција веќе има 1520 кукли, а планира да го собори светскиот рекорд. Таа мисли дека не е опседната, а планира да го промени своето презиме во Барби како и да се облекува само во розова боја. Сепак, постои и нешто што ја мачи.

“Немам многу пријатели и многу сум осамена. Никој не се вклопува во мојот свет”, вели Татјана и додава дека нејзиниот најдобар пријател е всушност нејзиниот петти сопруг.

Живата Барбика признава дека ги зголемила градите откако го родила првиот син пред 11 години, како и дека имала многу тешка бременост. Нејзиниот сопруг е доктор, а се запознале на неговото работно место. Русинката тврди дека луѓето не треба да ја мразат бидејќи и понатаму му е посветена на семејството, не пие алкохол и не пуши цигари.

По сите негативни коментари кои ги добила, таа верува дека е единствена.

“Најдобрата работа е индивидуалност. Денес сите се исти, но мене е тешко да ме копирате. Со години работев на својот животен стил и во тоа вложив многу пари”, изјавила Тузова.