Русија е најголемиот купувач на злато во светот: Во трезорот додале 55,3 тони само во првите три месеци од оваа година, а ова е вистинската причина!

1013

Централните банки ширум светот во првиот квартал од 2019 година купиле најголем износ на злато во последните шест години, при што водечката позиција ја обезбеди Русија бидејќи земјата настојува да ја намали зависноста од доларот.

Глобалните резерви на злато се зголемија за 145,5 тони од почетокот на годината до крајот на март, што претставува зголемување од 68 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Ова е најголeм пораст на глобалните резерви за периодoт од 2013 година, според најновиот извештај на Светскиот совет за злато (WSG).

Централната банка на Русија во првиот квартал во своите трезори додаде 55,3 тони злато, благодарение на што нејзините и онака големи резерви достигнаа 2,168 тони, што земјата повторно ја направи најголем купувач на злато, се вели во извештајот, а пренесува „Раша тудеј“.

„Русија купи 274,3 тони злато во 2018 година и драматично ја намали сопственоста на американски обврзници, во рамки на своите напори за диверзификација на девизните резерви“, наведува Светскиот совет за злато.

Кина го зазеде второто место, бидејќи во првиот квартал купи 33 тони злато. И неколку други земји значително ги зголемија своите резерви на злато, вклучувајќи ги и Еквадор, Турција, Индија и Казахстан.