На друштвените мрежи во Русија се појави снимка од поларна мечка на која со црн спреј е испишано „Т-34″. Поборниците за заштита на животните предупредуваат дека постои опасност оваа мечка да не може да се вклопи со околината, или да лови заради прехрана.
Во тек е истрагата околу тоа што точно се случило и каде е снимено видеото.
Т-34 е називот на тенкот којшто војската на СССР го користеле против нацистите во Втората светска војна.
Снимката на Фејсбук ја постави Сергеј Каври, член на Светската организација за заштита на природата.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















