По четири часа ќе работат сите мајки по завршување на породилното отсуство поради бременост, раѓање и родителство во компанијата ДУНА.
Скратеното работно време, информираат од компанијата, ќе го користат сите нови мајки по 12 месеци, иако ќе добиваат цел месечен надомест и ќе ги уживаат сите привилегии како да работат со полно работно време.
Менаџерскиот тим на ДУНА вели дека ваквата промена ќе вроди со плод и ќе биде полн погодок и за вработените и за компанијата. Оваа одлука се базира на светските истражувања и трендови и е потврда дека продуктивноста кај лицата кои работат со пократок број работни часови или помалку денови во неделата е многу зголемена.
– Поддржуваме организации и проекти кои се развиваат, присутни сме во јавни установи за грижа за деца, спортски активности и заштита, но и постојано настојуваме да влијаеме на одржувањето на животната околина. Денешната одлука е само една алка од позитивните мерки кои ќе ги преземеме во иднина за нашите вработени и за градењето позитивна работна атмосфера. Особено сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење, бидејќи смеата е омилениот звук во нашето секојдневно функционирање, велат од менаџментот на ДУНА.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















