Серхио Рамос и официјално е нов фудбалер на Пари Сен Жермен, откако му истече договорот со Реал Мадрид. По шеснаесет години во „кралскиот“ клуб, Рамос не се договори за продолжување на соработката и се реши за нова авантура.
По долгите преговори, Рамос најде заеднички јазик со ПСЖ и во наредните две сезони ќе ги брани клупските бои. Шпанецот уште вчера пристигна во Париз, ги мина медицинските прегледи, а денес стави и потпис на договорот.
Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија ќе заигра за ПСЖ во сезона со високи амбиции. Парижани, освен Рамос, ги доведоа Ашраф Хакими од Интер, Џини Вајналдум од Ливерпул, а пред потпис е и Џанлуиџи Донарума и се блиску до формирање на „дрим-тим“ со неверојатни поединци на сите позиции.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















