Роденден со мега трансфер: Баерн го договори фудбалерот на Атлетико

988

Германскиот шампион Баерн го договорил трансферот на фудбалерот на Атлетико, Лука Ернандес, објави тамошниот весник Билд.

Тој требаше да се пресели во Минхен уште во јануарскиот преоден рок, но Диего Симеоне тогаш успеа да го убеди да остане барем до крајот на сезоната. Баерн потоа го ангажира познатиот агент Џовани Бранкини кој ја заврши работата и го донесе Ернандес.

Атлетико за Ернандес ќе заработи 80 милиони, но ќе остане без уште еден фудбалер по Диего Годин кој е пред трансфер во Интер. Од друга страна, Баерн ќе добие уште Французин по Бенжаман Павар од Штутгарт чиј трансфер е веќе договорен и тој ќе се пресели во Минхен на крајот од сезоната.

Информацијата за трансферот на Ернандес доаѓа на денот кога Баерн го слави својот 119. роденден.