Родена е најмалата панда на светот: Тешка е само 42.8 грама, а еве како изгледа

706

Осумгодишната панда женка, Ченгда, првото бебе го родила тешко 171.9 грама, а потоа и второто, значително помало кое тежи само 42.8 грама.

Според истражувањето за одгледување на џиновски панди во градот Ченгд, родена е најмалата панда на светот со тежина на едно просечно јајце.

„Со самото тоа што преживеала, толку мала панда родена во вештачко опкружување, претставува чудо“ – објаснил шефот на центарот каде што е родена пандата.

Оваа мнијатурна панда е полесна од претходната најмала панда на светот, која е родена во рамките на истиот центар во август, 2006-та година. Машката панда Вуј, кога се родила тежела 51 грам (поради тоа го добила и името Вуј што во превод го означува бројот 51), пораснала благодарение на млекото од две возрасни панди и денес тежи околу 132 грама.

Во базата за панди на градот Ченгд, ангажиран е доволно голем број на експерти кои се задолжени за нега и одгледување на новородените панди, така што секое бебе панда има свој болничар кој се грижи за него.

Иако состојбата на најмалата панда е стабилна, вниманието на експертите и ветеринарите кои работат таму е насочена кон успешното одгледување на оваа чудо од панда.