Семејството на славниот австриски возач потврдило дека починал трикратниот светски шампион.
Ники Лауда, легендарниот возач на Формула 1, починал во 71-вата година од животот, потврдило неговото семејство.
“Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Ники почина мирно во кругот на семејството во понеделникот. Неговите единствени остварувања како спортист и бизнисмен ќе останат незаборавени како неговата жед за акција и неговите директност и храброст. Тој е пример за сите нас, беше добар сопруг, татко и дедо и ќе ни недостасува”, порачало семејството во соопштение објавено од Австрија.
Ники Лауда е трикратен шампион во Формула 1. Титулите ги освојувал во 1975-та, 1977-ма и 1984-та, а возел на 171 трка.
Лауда имал проблеми со здравјето уште од 1976-та година, кога преживеал страшен пожар, по една несреќа на трка во Нирбургринг. Неговиот болид целосно се запалил, а Лауда од него излегол со тешки изгореници и здравствени проблеми кои подоцна го следеле целиот живот.

Имал две трансплантации на бубрег, една во 1997-ма, кога неговиот брат Флоријан му го донирал органот, а другата во 2005-та, кога донор била неговата сопруга Бриџит.
Исто така, минатата година имал трансплантација на бели дробови, па набрзо се разболел од грип и имал здравствени проблеми од кои бавно се закрепнувал. Минатиот месец бил пренесен во приватна клиника поради проблеми со бубрезите.

Лауда во 2012-та година бил поставен за претседател на Мерцедес и бил најзаслужен за доведувањето на актуелниот шампион Луис Хамилтон.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















