Новата амбасадорка, чие полно име е Робин Ријана Финти, ќе ги промовира образованието, туризмот и инвестициите на островската држава.
Премиерката, Мија Амор Мотли, ја опишала 30-годишната ѕвезда како истакната жителка на Барбадос, која придонела за зголемување на имиџот на земјата.
„Ријана многу ја сака оваа земја и тоа го покажува со нејзината филантропија, особено во деловите за здравство и образование“, рекла Мотли.

Исто така, настрана од границите на успехот како поп икона, покажала значајна креативност и вештини во деловниот свет.
“Затоа, соодветно е да ја ангажираме и овластиме да има важна улога, додека се трудиме да го преобратиме Барбадос”, додала премиерката.

Ријана пак, рекла дека ѝ е чест да ја преземе оваа престижна улога во нејзината татковина.
„Горда сум што ќе преземам ваква престижна титула во мојата родна земја“, изјавила Ријана, која инаку живеела во Барбадос до своите тинејџерски години, додека не ја открил американски музички продуцент.