На денешен ден во 2007 година, продолжи една фантастична серија.
На 22-ти Март 2007, Лос Анџелес Лејкерс гостуваше во Мемфис. Коби Брајант трет натпревар по ред имаше импресивна претстава. Постигна 60 поени и донесе победа за својот тим во “Фед Екс” форумот. Во неизвесен меч, “Лејкерси” триумфираа со 121:119.
Ова претставуваше трет во низата од четири натпревари на кој легендарната “Мамба” постигнуваше преку 50 поени. Веќе следното првенство “езерџиите” дојдоа до големото финале а година потоа ја освоија шампионската титула.
Месец Март секогаш ќе не потсетува на Коби и неговата поентерска серија. Почивај во мир голем човеку.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















